АстраЗенека: Вакцината е 100 отсто ефикасна во спречување на тежок облик на ковид-19

од Stefanija Kuzmanovska
370 прегледи

По критиките од американските власти кои објавија дека податоците за клиничкото испитување за вакцината се застарени, британско-шведската компанија „АстраЗенека“ во средата го ревидираше за три процентни поени резултатот од студијата за ефикасноста на нејзината вакцина против ковид-19

Компанијата сега објави дека ефективноста на вакцината е 76 отсто во спречување на симптоматски ковид-19, наместо 79 што ги објави пред неколку дена.

Додаде дека вакцината е сè уште стопроцентно ефикасна во спречување на тежок облик на ковид-19.

Објавата на компанијата следи откако независен тим експерти, одговорен за надгледување на клиничко испитување во САД, изрази загриженост дека „АстраЗенека“ не ги вклучила новите податоци во претходно објавените прелиминарни резултати од истражувањето.

Институтот за здравство на САД после тоа издаде многу невообичаено соопштение со кое ја повика „АстраЗенека“ да соработува со тимот и потоа да издаде ново соопштение.

„Подготвени сме да поднесеме барање за итно одобрување во САД и се подготвуваме да дистрибуираме милиони дози ширум Америка“, рече портпаролот на компанијата Мене Пангалос.

Слични содржини