Астронаути на НАСА ќе живеат во база што ќе кружи околу Месечината

од desk2
112 прегледи

Астронаути од НАСА наскоро ќе живеат во база која ќе кружи околу Месечината. Ова го соопшти американскиот потпретседател Мајк Пенс, кој откри дека ова треба да се оствари до 2024 година.

„Нашето внимание е повторно насочено кон Месечината, веќе не сме задоволни со оставање отисоци на стапалата“, изјави Пенс.

Во моментов НАСА работи на развивање на сателитот Lunar Orbital Platform-Gateway, кој ќе биде лансиран во вселената во 2022 година и ќе служи како база за мисии кои ќе ја истражуваат вселената.

Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп повторно ќе ја направи славна американската вселенска програма.