Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски во интервју за „Слободен печат“ истакна дека соработката помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ не треба да биде изненадување затоа што таа коалиција се покажала како најфункционална владејачка коалиција во сите години од независноста.
„Соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за мене воопшто не е изненадување, ако се потсети македонската јавност, во изминатите 33 години, најфункционална, најстабилна и највладејачка коалиција била онаа помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ од 2008 до 2017 година, така што тие контакти на Муса Џафери или Блерим Беџети со пратеници и функционери од ВМРО-ДПМНЕ апсолутно постоеле и во овие седум години. Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се најприродните коалициски партнери“ посочи тој.
Атанасовски истакна дека барањето поддршка од ДУИ за структурниот закон за реорганизација на министерствата, покажало дека Христијан Мицкоски прво не успеал својата пратеничка група да ја зголеми на 61 пратеник, а со тоа и дека не успеал да обезбеди двотретинско мнозинство како што најавуваше претходно.