Атанасовски: Не може во 21 век да дозволите соседна држава да Ви диктира каква историја ќе изучувате

од Берта Китинска
751 прегледи

Името Ванчо Михајлов не предизвикува револт, револтот го предизвикува дејноста на човекот, вели универзитетски професор Александар Атанасовски, откако за викендот во Битола беше отворен бугарски културен центар „Ванчо Михајлов“.

Според Атанасовски, Михајлов бил терорист, организатор и извршител на терористички дејствија.

– Во периодот меѓу двете светски војни ја имаше претворено Пиринска Македонија како посебна (негова) држава, каде што не важеле законите на бугарската држава туку неговите, тој собирал даноци, тој судел, тој извршувал пресуди, едноставно. Во Источна Македонија нема куќа во која нема извршено барем едно убиство, вели професорот.

Професорот смета дека доколку Република Македонија и Република Бугарија одат по патот за Воскреснување на фашизмот на Балканот, тогаш Ванчо Михајлов е идеален за таа кауза.

– Се борел за Независна Македонија по примерот на Независна Држава Хрватска (Фашистичка држава во која живеат „Бугари“, а не Македонци, никогаш не ги признал Македонците како посебен народ. Во Македонија денес се води политика за права на сите само не и за Македонците, додава Атанасовски.

Според професорот бугарскиот врв го промовира Михајлов како херој бидејќи денешната бугарска политика во ништо не се разликува од политиката на Ванчо Михајлов.

– Бугарија и ден денес не признава македонски народ, јазик, култура, црква, буквално ништо. Кога требаше Бугарија да влезе во ЕУ нивната Влада достави доказ дека Бугарија нема нерешени прашања со соседите, а и од тогашниот премиер на Р.Македонија, Љубчо Георгиевски е доставен документ дека меѓу Македонија и Бугарија нема нерешени проблеми. Денес на тоа забораваат и владата во Бугарија и владата во „нашата држава“. Причината за тоа е Преспанскиот договор. Во разговор со колеги од Бугарија сите тврдат дека „Вие сте се откажале од античката историја и со тоа сме докажале дека не сме Македонци, а штом немаме антички корени значи ние сме Бугари“. Тоа е основната теорија која ја поткрепуваат со притисоци за воскреснување на идејата за Сан Стефанска Бугарија во која ја гледаат цела Македонија. Се чудам зошто на сето тоа молчат нашите политичари, вели Атанасовски.

Професорот смета дека на безумието му нема крај ама на Власт се структури кои што се блиски или роднински се поврзани со претставници на тогашните фашистички структури.

– Сами слушнавте во интервјуата на претставници од бугарската делегација дека „никој не го постави прашањето за постоење на македонско малцинство во Бугарија во текот на досегашните преговори“. Значи проблемот е во нашата анти македонска влада, а не во Бугарија. Неможе во 21 век да дозволите соседна држава да Ви диктира каква историја ќе изучувате и како да ги презентирате фактите. Фашистите треба да ги претставиме како херои, а антифашистите за терористи, додава професорот.

M.A.

Слични содржини