Салих Некар е поранешен член на Работничката партија на Курдистан терор

Сирискиот бегалец Салих Некар (Salih Necar) стои зад крвавиот напад во Анкара, при што загинаа 28 лица, а други 61 беа повредени. Тоа го објавија  турските медиуми, повикувајќи се на податоци на полицијата.Терористот се испоставило дека е  поранешен член на Работничката партија на Курдистан. Во земјата западнал во почетокот на месец јули.Идентификацијата е извршена по отпечатоци земени од телото на наводниот бомбаш кој се разнесе заедно со натовареното со експлозија возило.

28 загинаа, а 61 се повредени во терористичкиот нападот во Анкара (Видео)

Според податоците на Vatan, атентаторот пристигнал до местото со Grand Cherokee и потоа се саморазнел. Не се исклучува тој да имал и други соучеснициво овој терористички акт.

Експлозијата се случила во момент на сообраќаен метеж додека луѓе се враќале од работа. Неколку  други автомобили се запалени.

Тоа е втор терористички напад годинава во Турција, а минатата година беа извршени два големи напада, во кои загинаа 137 луѓе.

12 јануари 2016 – Единаесет германски туристи загинаа, а 16 луѓе се повредени во самоубиствен напад на бомбаш-самоубиец од Сирија во Истанбул.

10 октомври 2015 – 103 луѓе загинаа и повеќе од 500 се повредени во двоен бомбашки напад за време на мирен прокурдски протест во Анкара, најголем во историјата на Турција. Владата ја обвини Исламска држава дека е одговорна за нападот.

20 јули 2015 – 34 луѓе загинаа и над 100 се повредени во самоубситвен бомбашки напад во градот Суруч, во близина на границата со Сирија. Властите ја обвинија ИД дека е одговорна за нападот

Слични содржини