Атила Видњански, режисер на Унгарскиот и Европски театар е добитник на наградата за исклучителни достигнувања во областа на театарот што ја доделува Македонскиот народен театар во рамки на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ – ФЕСТ“.

zvonarot-na-bogorodicnata-crkva

Наградата му беше врачена вчеравечер на сцената на Македонскиот народен театар.

Наградата се доделува втора година по ред. Минатогодишен добитник беше Шекспировиот ГЛОБ театар за својата светска мисија за чување и ширење на Шекспировите дела.

Видњански е режисер кој што критиката го оценува како визионер на новото театарско време и автор кој што во секоја своја претстава ги истражува и открива новите методи и изразни средстава на актерската игра. За неговите достигнувања сведочат и големиот број на награди и признанија што ги има добиено.

Роден е во Берегово, Украина во 1964 година. Дипломира на Факултетот за унгарски јазик и книжевност при Државниот универзитет во Ужхород, по што се запишува на Академијата за филмски и театарски уметности во Киев каде што дипломира на Катедрата за театарска режија. Предава уметност на глумата сè до 1997 година. Основач е и уметнички директор на Унгарскиот народен театар во Берегово. Освен во неговиот матичен театар, има работено и во Рускиот национален театар во Киев, потоа во Словачка и во театрите на поранешна Југославија. Од 1999 година режира претстави во Унгарија каде во 2004 година е назначен за генерален директор. Од 2013 година е директор на Националниот театар во Будимпешта.

Добитник е на многубројни награди меѓу кои Кошут (Унгарија, 2011), Мејерхолд (Москва, 2009), награда за Унгарска уметност (2007), Сребрен крст за заслуги на Република Унгарија (2005), награда за најдобра режија за операта „Јенуфа“, награда од критичарите на Унгарија, 14 награди во различни категории на Фестивалот на унгарските театри, награда за еминентен уметник

Слични содржини