Грчката влада на Алексис Ципрас е убедено дека парламентот на земјата ќе го одобри договорот со Тројката (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), пренесоа агенциите. Според претставник на владата во Атина парламентарната група на левичарската коалиција СИРИЗА и нејзините партнери во владејачката коалиција ќе сторат сé за договорот да биде усогласено и да помине низ пленарната сала во најскоро време.
“Ние мора да излеземе од оваа фаза на неопределеност”, изјавил официјалниот портпарол на владата Сакеларидис. Како што вчера беше објавено Грција вчера побара од Еврозоната нова молба за тригодишно финансирање . Се очекува денеска земјата прецизно да го претстави во Брисел планот за реформи. Претходно се појави информација дека Атина се согласи да изврши промени во оданочувањето и пензискиот систем, кои се меѓу главните барања на Тројката.