Атина со погрешни документи во Брисел

од Vladimir Zorba

Погрешен документ испратиле грчките власти на состанокот во Еврогрупата, според три официјални лица од еврозоната, со кои разговарал новинарот Петар Шпигел од “Фајненшл Тајмс”.

brisel

Според нив, тоа што се збунети поради документите не е толку драматично. Всушност, според едниот од нив, “грчката Влада имаше за цел да ги претстави своите предлози во нова форма денес наутро”. Двајца од службениците потврдиле дека ја добиле ревидираната верзија во раните утрински часови.

Вонредната седница на министрите за финансии на 19-те земји кои ја користат единствената европска валута, што требаше да излезе со мислење пред лидерскиот форум, исто така се покажа залудна. И ги изнервира повеќето министри, како австрискиот, Ханс Јорг Шелинг, кој дури праша кој ќе му го плати „јаловото патување“ до Белгија.

Атина испрати нови документи рано наутро. Но еврогрупата негодуваше дека не е можно за толку кратко време да се направат сите потребни пресметки и при тоа евентуално да се дојде до позитивна препорака до претседателите и премиерите за одмрзнување на виталните 7,2 милијарди евра за Атина.

“На прв поглед предлозите изгледаат добри, но допрва ќе анализираме дали се доволни за економско заздравување на Грција, сепак имаме основа за преговори”, изјави шефот на Еврогрупата Јерун Дијселблум.

Со самитот на земјите од еврозоната кој се одржува вечерва ќе раководи претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Слични содржини