Атина загрижена заради зголемувањето на бројот на мигранти на островите во Егејско море

од Vlatko K
140 прегледи

Властите во Грција се загрижени за зголемувањето на бројот на мигранти во прифатните центри на грчките острови, по нивното драстично зголемено пристигнување од Турција, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Само во првата недела од јули на грчките острови во источен Егеј, кои досега имаа сместено 17.924 азиланти, дошле уште околу 1.000 нови мигранти.

Грчкиот министер за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос, изјави дека решението е во е почитувањето на човековите права и демократските принципи, а истовремено во зголемувањето на безбедноста на сите.