Карло Анчелоти е назначен за селектор на Бразил. 65-годишниот Италијанец ќе го напушти Реал Мадрид по нивниот последен натпревар во Ла Лига против Реал Сосиедад, а новата позиција ќе ја преземе на 26 мај. Договорот беше потпишан по преговорите со Дон Карло предводени од Диего Фернандес во име на Бразилската фудбалска федерација (CBF).
Веста ја донесе „Атлетик“, но не е неочекувана. Цела сезона се шпекулираше дека Италијанецот би можел да го напушти Мадрид, а стана јасно дека тоа навистина ќе биде случај откако Реал Мадрид не успеа да освои ниту еден трофеј оваа сезона. Многу е веројатно дека Чаби Алонсо ќе биде наследникот на Анчелоти на клубата на „белите“.
Карло Анчелоти е еден од најпочитуваните тренери во историјата на фудбалот. Како играч, тој играше за клубови како Рома и Милан, со кои освојуваше трофеи во Европа, и беше долгогодишен член на италијанската репрезентација. Тој играше како играч од средниот ред и беше познат по својата техника и интелигенција на теренот.
Како тренер, Анчелоти постигна исклучителни успеси во речиси сите големи европски лиги. Тренерската кариера ја започна во Реџана, а потоа беше тренер на Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн Минхен, Реал, Наполи и Евертон. Неговите најголеми достигнувања вклучуваат освојување на пет Лиги на шампиони (две со Милан и три со Реал), како и бројни национални титули.