Атлетико ќе го позлати Гризман за да остане

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Атлетико Мадрид е подготвен да ја позлати својата ѕвезда Антоан Гризман за да го задржи Французинот, кој е поврзуван со Барселона и Манчестер Јунајтед.

Според неодамнешните гласини, „јорганџиите“ се подготвени да му понудат на напаѓачот 300.000 фунти неделно, само за да остане.

За тимот од Мадрид се вели дека се подготвени да го направат Гризман најплатениот играч во нивната историја, но тоа сигурно нема да биде лесно.

Најдобриот стрелец ќе чини 100 милиони евра ова лето, а се верува дека Барса има најдобри шанси да го привлече, а тој самиот сака да го направи следниот чекор во својата кариера.

Гризман е во одлична форма уште од почетокот на 2018 година, постигнувајќи 18 гола, правејќи и асистенции на секој од последните 5 натпревари. Од доаѓањето во Атлетико во 2014 година, напаѓачот постигна 108 гола во точно 200 меча и стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Слични содржини