Медиумите побараа да се дозволи снимање во судницата за време на денешното појавување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред судот во Њујорк, но на предлогот се спротивстави правниот тим на Трамп, оценувајќи дека на судењето ќе се создаде атмосфера налик на циркус.
Судијата сепак одлучил на некои фоторепортери да им биде дозволено да фотографираат неколку минути пред официјалното започнување на судењето, јавува Би-Би-Си.
Вчера Трамп со приватен авион пристигна во Њујорк од Мар-а-Лаго на Флорида, а го пречекаа десетици медиумски екипи.
Трамп денеска ќе се појави пред судот во Њујорк под обвинение дека за време на изборната кампања во 2016 година ѝ платил 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење во врска со наводите за сексуална афера со Трамп.
Ова е прва кривична постапка против поранешен или актуелен американски претседател, пренесува „Танјуг“.