АТП го симнува Федерер од листата по повеќе од 20 години

од Nikola Popovski
282 прегледи

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе остане без пласман по Вимблдон, дури и да игра на тој турнир, тврди познатиот тениски новинар Жозе Моргадо.

Федерер моментално е 46. тенисер на планетата, но му се бришат бодовите од Лондон од минатата година.

Потоа во четвртфиналето беше поразен од Хуберт Хуркач, па се повлече „во илегала“ и продолжи да се опоравува од операциите и повредите од претходните сезони.

Роџер моментално има 1.030 бодови на 46. место, а бидејќи ќе загуби бодови од претходните сезони, во јули ќе остане без пласман.

Со оглед дека Вимблдон не се играше во 2020 година поради пандемијата на коронавирус, на Роџер му остануваат бодови од финалето во 2019 година и ќе биде избришан кон средината на седмиот месец.

Се брише и Дубаи од минатата година, па Швајцарецот по повеќе од две децении ќе испадне од листата. Истата судбина ја чека и Серена Вилијамс на ВТА листата, бидејќи Американката исто така долго време не играше.

Инаку, Федерер во неколку наврати изјави дека неговата професионална кариера и покрај повредите се уште не е затворена книга. За прв пат од 2000 година, Швајцарецот во април испадна од топ 40 во светот.

Потсетуваме, на овогодинешниот Вимблдон тенисерите нема да можат да ги одбранат бодовите, бидејќи АТП ги одзеде од англискиот турнир, поради одлуката да ги исфрли руските и белоруските натпреварувачи и да не им дозволи да се борат за трофејот.

Слични содржини