Audi мора да прекине со продажбата на SQ5 моделот во Европа

од desk2
82 прегледи

Строгата контрола на емисијата на гасови го принуди Audi да прекине со продажба на својот спортски SUV модел SQ5 во Европа.

Поради новиот систем WLTP (Worldwide Harmonized Light Vehicles Test Procedure), кој на 1 септември ќе стапи на сила, многу компании некои свои возила на бензински погон мораа да прекинат да ги продаваат во Европа, BMW (Серија 7, М3), како и Mercedes-AMG со V12 агрегат.

Audi соопшти дека оваа одлука се однесува на „пополнетоста на капацитетите“, но медиумите истакнуваат дека главна причина за тоа се високите стандарди за емисија на гасови.

Оние кои сакаат да го купат моделот SQ5, кој се произведува во погонот во Мексико, ограничени се само на веќе произведените единици.

SQ5 е најдинамичниот SUV на Audi со 3,0 литарски TFSI V6 агрегат со турбополнач кој произведува 354 коњски сили.

Силата се пренесува преку Quattro систем и осумстепен менувач со погон на сите четири тркала.

Ова овозможува забрзување од 0 до 100 километри на час за 5,1 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.