Аукција на слики од реномирани македонски уметници, средствата одат за настраданите во Турција

од Vladimir Zorba
169 прегледи

Аукција на слики од реномирани македонски уметници ќе се одржи вечер, со почеток во 19 часот, во локалот „Тексас барбекју“ (поранешен Перон 8, кај железничка станица).

Средствата што ќе се соберат од продажба на сликите ќе бидат донирани на погодените од земјотресите во Република Турција.

Аукцијата ја организира хуманитарното здружение „Подај рака“, а донираните дела се на уметниците Сокол Марковски, Новица Трајковски, Тофе Јаковлевски, Благојче Наумоски Бане, Билјана Толевска, Драги Хаџи Николов, Виолета Силјан, Катерина Поп Арсова, Марија Панова, Оливера Ивановиќ, Љубен Цветкоски и Ванчо Јаков.

На хуманитарната вечер ќе учествуваат и уметници музичари Џенгиз Ибрахим, Каан Мазхар, Јулија Мицевска, Нина Николовска.

Слични содржини