АВАЈА: Сериозни неправилности, притисоци и манипулации над ромската популација на пописот

од Vladimir Zorba

Граѓанското движење АВАЈА, изминатите десет дена нотираше сериозни неправилности, притисоци и манипулации врз ромската заедница при спроведување на пописот во државата. Овие манипулации се случуваат на места каде што Ромите живеат во средини со доминантно население од други етнички заедници.

Спореднив, Д.З.С. нема целосна контрола врз спроведување на пописот, бидејќи општинските пописни комисии го контролираат процесот преку инструкторите и попишувачите.

-Исто така, сакаме да напоменеме дека овие случаи, особено само со земање лична карта, придонесуваат за брзото спроведување на пописот на населението, кое на крајот резултира со квантитет, а не квалитет на собирање на податоци, велат од АВАЈА.

Слични содржини