Авганистанците кои ќе пристигнат во земјава ќе добијат бесплатна вакцинација, ПЦР тест и здравствен преглед

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев ги отфрли сите шпекулации за бран на бегалци или можни териристи или било какви застрашувања кон државата по примањето на цивилното население од Авагнистан.

-Никој не побара од нас, сами се понудивме да преземеме и споделиме дел од одговорноста, човечноста и хуманоста по целосното заземање на Кабул од страна на талибанските сили. Се работи за луѓе кои биле поддржувачи на сојузничките армии, вклучително и на нашата армија во Авагнистан. Се работи за миротворици, активисти за човекови, новинари, жени, студенти, интелектуалци, луѓе на кои треба да им помогнеме во услови кога се под страв да им бидат одземени животите, изјави Заев.

Во прашање се, нагласи Заев, принципи на човченост и на хуманост.

-Ќе ги пречекаме сите тие граѓани, кои веруваме дека од следните денови ќе дојдат во нашата земја. Ќе им понудиме сместување. Државата донесе одлука, да го плати транспоротот од аеродром до хотелите. Веќе се направени аранжманите и договорите со сите хотели. Ќе се овозможи бесплатна вакцинација на тие што немаат вакцинација, ќе се направат бесплатни ПЦР тестови и ќе им се понуди бесплатен здравствен преглед. Трошоците за нивното сместување ќе бидат покриени од соодветните институции и организации и САД, но и владата донесе одлука да преземе дел од тие трошоци, затоа што се работи за достоинство и капцитет на нашата држава, изјави Заев.

Прашан дали бројката од 450 авганистански државјани е конечната бројка, Заев рече дека тоа што е досега потвредено е 450 луѓе, но дека може да се јават дополнителни 50, 70, 90 луѓе, за кои како ќе биде потвредено, така и ќе информираат во јавноста.

Слични содржини