Авганистанците кои пристигнаа синоќа се негативни на коронавирус

од Nikola Popovski
295 прегледи

Од Владата вечерва информираа дека групата од Авганистан што синоќа пристигна на скопскиот аеродром е негативна на коронавирус.

-Сите граѓани кои синоќа пристигнаа од Авганистан на привремен престој се негативни на ПЦР Ковид -19 етстовите, велат од Владата за МИА.

Со авион на компанијата „Камаир“ вчера околу 23.30 преку Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан.

Според информациите на Владата, станува збор за 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД.

Трошоците за нивен престој ќе ги покријат токму САД и меѓународните организации.

Слични содржини