Според информациите кои доаѓаат од Словенија, мал авион исчезна во областа Велика Планина. Љубљанската полиција потврди дека потрагата, во која учествуваат неколку хеликоптери, сè уште е во тек,
Авионот, модел Пајпер, полетал од Загреб и исчезнал нешто по осум часот утринава во близина на Велика Планина. Полицијата потврди деак е започнато со пребарување и се претпоставува дека дошло до авионска несреќа.
Во Соопштението на Љубљанската полиција стои дека авионот исчезнал во 9:30 часот, а полицијата добила известување дека се изгубила комуникација помеѓу авионот и контролата на летање.
„Контактот со авионот е изгубен од непозната причина во областа Велика Планина, каде што полицијата и другите спасувачки служби сега преземаат активности. Потрагата е отежната поради екстремно лошите временски услови и слабата видливост, што дополнително го отежнува летот на спасувачките хеликоптери“, се вели во соопштението.
Според првичните информации, во авионот се наоѓало едно лице. Во акцијата за спасување, покрај полицијата и пожарникарите, учествуваат и планински спасувачи од Камник и Целје. Потрагата продолжува, а актуелните информации ќе бидат објавувани со развојот на ситуацијата.