Авион кој летал на релација Бејрут-Лондон принудно слетал во Истанбул, откако избила тепачка меѓу патниците, јавува Дејли мејл.

Како што може да се забележи од снимката , тепачката се случила меѓу двајца патници, а потоа и другите патници и членови на екипажот се обидуваат да ги раздвојат.
По завршувањето на инцидентот, двајцата мажи биле однесени на спротивните страни на авионот, а засега не е позната причината за тепачката.
https://www.youtube.com/watch?v=GQ_jKyy9xkA