Авион што може да го промени авиосообраќајот (видео)

од desk2
459 прегледи

Холандската авиокомпанија KLM финансира проект кој би можел да ја промени формата и конфигурацијата на комерцијалните авиони. Импресивниот дизајн на новиот авион “Flying-V”, го има истиот дијаметар на крило како и постојните авиони. Има седишта за 314 патници.

Името го добил по ,,Gibson Flying-V” електрична гитара, која ја користеле легендарните гитаристи, од Еди Ван Хелен, преку Џими Хендрикс и Брајан Меј па до Кит Ричардс. Концептот на авионот го развиле научници на Технолошкиот универзитет Делфт во Холандија, а бил дизајниран во форма на латиничната буква V.

Авионот ќе троши 20 проценти помалку гориво од сегашните авиони, а во неговите крила ќе се сместуваат патниците, товар, гориво…
Предвидено е дека моторите ќе се наоѓаат во задниот дел, а дизајнот драстично ќе го намали отпорот на воздухот и емисијата на гасови.

Авионот по големина потсетува на моделите Airbus А 350 и Boing 787, а би можел да ги користи и постојните порти, хангари и писти. Широк е 65 метри, а долг е 55 метри.

Слични содржини