Авион за гаснење пожари се урна денеска во турската провинција Кахраманмарас, на југот на таа земја, пренесува „Анадолија“.
Станува збор за авион кој беше изнајмен од Русија од страна на Генералниот директорат за турски шуми (ОГМ), и кој исчезна од радарот за време на гаснењето на пожарот во Кахраманмарас.
Бројни надлежни спасувачки служби биле испратени на местото на несреќата.
Гувернерот на Кахраманмарас, Омер Фарук Чоскун, за АА изјави дека несреќата се случила при гаснење на пожарот што избувна утрово како последица од удар на гром.
„Несреќата се случи пред неколку моменти и многу надлежни екипи за спасување беа испратени на тоа место“, рече Чоскун.
Министерството за одбрана на Русија објави и дека авионот „Бе-200“ се урнал и дека бил испратен истражен тим.
Rusya'dan kiralanan yangın söndürme uçağı #Kahramanmaraş'ta düştü
Uçakta pilotlarla birlikte 7 kişi bulunuyordu.
Uçak Rusya'dan kiralanmış Adana yangın söndürme birimine bağlı bir uçaktı. pic.twitter.com/0T1AcWhXdp
— ÇEBİ (@fadimemtr) August 14, 2021
Тие, исто така, нагласија дека во моментот на несреќата имало пет офицери на руските вооружени сили и тројца претставници на Турција.
СРНА пренела повикувајќи се на Russia Today дека нема преживеани во авионската несреќа.
Се наведува дека се загинале руски пилоти и турски службеници. Засега нема информации за причините за падот.
Авионот се урнал во планините во јужниот турски регион Мараш. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како авионот лета многу ниско над планината, а потоа исчезнува зад еден од врвовите.
Се срушил кратко време откако испушти вода за да го изгасне пожарот.
Авионот очигледно не можел да достигне доволна надморска височина откако го испуштил товарот и удрил во планина.