Авиосообраќајот на скопскиот аеродром ќе се одвива регуларно за време на одржувањето на Министерски Совет на ОБСЕ

од Radmila Tasevska

ТАВ Македонија соопшти дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје во следните неколку дена – 29 ноември, 30 ноември и 1 декември, за време на одржувањето на 30. Министерски Совет на ОБСЕ во Скопје, ќе се одвива регуларно.

Оттаму сепак апелираат до патниците да ги следат насоките и известувањата на Министерството за внатрешни работи во врска со сообраќајниот режим низ градот Скопје, со цел да бидат во можност да пристигнат на своите летови, односно на аеродромот навреме.

Слични содржини