Пратениците на Социјалистичката партија Владанка Авировиќ и Љупчо Димовски на последнадната собраниска седница не им се придружија на колегите од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја напуштија седницата, на која владејачкото мнозинство немаше обезбедено кворум.
Авировиќ и Димовски останаа во пленарната сала и со тоа овозможија да се постигне потребниот кворум од 61 пратеник за почеток на седницата.
Од партијата на Љубисав Иванов Ѕинго, кои се коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ, велат дека досега во партијата не било разговарано за промена на курсот на дејствување. Не знаат дали и нешто се преговара на ново на лидерството. Познато е дека лидерот Љубисав Иванов -Ѕинго секогаш се приклонувал и бил на страната на власта. Неговите двајца пратеници се на удар на обвинителствата , токму Димовски и синот на Авировиќ, и не е исклучено и тие самостојно да се шлепаат и додворуваат на власта

Пратениците на оваа партија на почетокот на месецов не ја потпишаа и иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за гласање недоверба на Владата во Собранието. Авировиќ тогаш изјави дека е на боледување, а колегите Миланов и Димов имале рочишта.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека пратениците на Социјалистичката партија во своите настапи и говори во Собранието и натаму ги застапуваат ставовите на опозицијата. Последното однесување не сакаат да го коментираат, но и не се сомневаат дека партијата на Ѕинго бара приклучок на власта.