Агенцијата за аудио и визуелни услуги(АВМУ) и АЕК со исправка за изнесени тврдења во извештајот во рамките на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROfomance Watch II“ на 9 јули 2019 година .
Во исравката се наведува дека врска со презентираниот трет мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК),во рамки на проектот Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROfomance Watch II“ на 9 јули 2019 година , е објавено информација во којашто се изнесени неточни податоци за поништените јавни набавки на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
„Кај АВМУ биле до три проценти, а сега се зголемени на 15 пороценти. Кај двете има висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда. По тој основ кај АЕК биле поништени 61 процент од постапките, а кај АВМУ 40 проценти, наведе Филков.
Во 2018 година, Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги има реализирано 30 јавни набавки. Поради неприфатлива понуда беа поништени само 2 (две) јавни набавки. Оттука, целосно е неточно дека има „висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда“, бидејќи повторуваме станува збор за две јавни набавки.
Вака претставените информации ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат погрешна слика за институцијата која работи согласно важечките законски прописи и редовно ја известува јавноста за своите активности во насока на обезбедување што поголема транспарентност, порачуваат од Одделение за поддршка на работата на Директорот и односи со јавност на АВМУ.