АВМУ со осуда за нападот на Салиу

од Vladimir Zorba
683 прегледи

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди вчерашниот физички напад од страна на извршителката Весна Јакимовска од Кичево, врз новинарот Фуркан Салиу од ПорталИкс.

„Имајќи предвид дека напад на новинар во Кривичниот законик се третира како напад врз службено лице, апсолутно е неприфатливо ваквото однесување од лица кои спроведуваат делови од правниот систем.

Како и во повеќе наврати досега, Агенцијата посочува дека е неопходно да се овозможат услови за безбедно и професионално извршување на работните задачи на претставниците на медиумите“, велат оттаму.

Слични содржини