Аврамовска Мадиќ открива зошто се намали бројот на членови на СДСМ кои ќе гласаат на внатрепартиските избори

од Nikola Popovski
460 прегледи

Вкупно 22.735 активни членови на СДСМ се регистрирале за да гласаат на внатрепартските избори за нов лидер на партијата. Ова денеска го истакна претседателката на ЦИК за избор на претседател на СДСМ и поранешна заменик-министерка, Викторија Аврамовска-Мадиќ.

По „чешлањето“ на списоците од страна на општинските организации на СДСМ, Аврамовска Мадиќ очекува да се задржи истата бројка.

-Немаме потреба да се вратиме на бирање на претседателот по стариот статут бидејќи членовите веќе еднаш одлучиле да вршат избор. Бројот на активно регистрирани или тие кои што покажале интерес за гласање, во моментов е помал бидејќи, не мораме да се лажеме, дел од нашето членство се одлеаа во новоформирана партија и имаме членови кои биле разочарани. Сепак, тоа не значи дека тие нема да се вратат. Ќе дојде период кога ќе сфатат дека вистинските политики и демократијата ќе продолжат да се негуваат и ќе можат да останат дел од СДСМ, кажа Аврамовска Мадиќ во емисијата на „Слободен печат“.

Бројката од речиси 23 илјади членови е за три пати помалку од првите непосредни внатрепартиски избори во 2021 година и за повеќе од двојно помалку од вторите избори истата година.

Во трката, четворица кандидати, екс-министрите Филипче и Петровска, директорот на ТИРЗ, Деспотовски и поранешниот заменик-министер Бајдевски. Социјалдемократите ќе добијат нов лидер на 30-ти јуни.

Слични содржини