Австралијците не ги признаваат Абориџините и одбија да ги внесат во Уставот

од Nikola Popovski
226 прегледи

Австралиските граѓани на денешниот референдум го отфрлила предлогот за внесување и признавање на Абориџините во Уставот, што е нов чекор наназад во помирувањето на земјата со домородното население.

По пребројувањето на 45 отсто од гласовите низ целата земја, 57,35 отсто гласале „против“ наспроти 42,65 отсто од оние кои гласале „за“ за поддршка на уставните амандмани, пренесува „Ројтерс“.

Австралиската телевизија „ABC“ и други медиуми предвидоа дека најмалку четири сојузни држави – Нов Јужен Велс, Тасманија, Квинсленд и Јужна Австралија ќе гласаат против измените на 122-годишниот устав.

Неопходно е повеќе од 50 отсто од гласачите да се изјаснат за оваа промена за да успее референдумот  тоа во најмалку четири од шесте австралиски сојузни држави, наведува „Ројтерс“.

Целта на референдумот е Абориџините и жителите на островот Торес да добијат можност да дадат предлози до владата во рамките на парламентот за прашања кои се однесуваат на нивните заедници, односно да формираат советодавно тело, домородниот комитет „Глас на Парламентот“.

Абориџините во Австралија сочинуваат 3,2 отсто од вкупното население од 26 милиони.

Слични содржини