Австралиски доктор сигурен дека има решение за коронавирусот: Со овие два лека ги лекувал заболените, еве кои се резултатите

од Aleksandar Petrovski
181 прегледи

Тим на австралиски експерти за заразни болести велат дека два лека можат да помогнат во лекување на пациенти со коронавирус, вирус кој досега уби над 16.500 луѓе ширум светот и инфицираше скоро 384.000 луѓе.

Тим експерти за заразни болести од Универзитетот Квинсленд во Бризбејн наведува дека со помош на двата добро познати лека успеале да излечат заболени од Ковид-19.

Потполно излечени

Овие се лекови што се користат за лекување на пациенти со ХИВ (комбинација на лопинавир / ритонавир) и маларија (хлороквин). Со нив, биле излечени пациенти заразени од коронавирус. Професорот Дејвид Патерсон од Квинсленд вели дека се надева дека ќе има повеќе пациенти вклучени во фармацевтското истражување до крајот на месецот.
-Ова е потенцијално ефикасен третман. Пациентите кои го примиле и го уништиле коронавирусот во нивното тело по завршување на терапијата. Заболените во прв бран кои пристигнале од Кина во Австралија одлично реагирале на третманот со хлороквин, кој лекува маларија. Сега сакаме да направиме големи клинички тестирања во најмалку 50 болници низ Австралија. Ќе ја споредиме ефикасноста на еден лек со друг и нивната комбинација – рече Патерсон.

Тој посочи дека пациентите одлично ги прифатиле овие лекови. Покрај тоа, рече тој, предност е што тие не бараат долгорочно тестирање, како кај новите лекови, кои предизвикуваат голем број на несакани ефекти.

Позитивни искуства

Во Австралија досега се регистрирани околу 2.136 пациенти со коронавирус, при што 8 лица починаа. Професорот Патерсон наведува дека ширум светот постојат позитивни искуства во лекувањето на коронавирусот. Тој ги наведе Кина и Сингапур како примери.

„Ако можеме да ги тестираме лековите на првиот бран на пациенти, очекуваме дека доколку има инфекции во наредните месеци, ќе ги имаме најдобрите информации за можен третман за идните пациенти“, додаде Петерсон.