Австралискиот премиер ќе го „чисти“ парламентот поради големиот секс скандал

304 прегледи

Австралискиот премиер Скот Морисон, по последните тврдења на свиркачот кој вели дека бил дел од група вработени кои споделувале свои слики од мастурбација во парламентот, најави дека ќе го исчисти парламентот од сите што имаат врска со ова сексуална афера.

Скандалите ја потресоа неговата влада, бидејќи тој беше обвинет дека не го разбира гневот на експлоатираните жени.

По неколку недели притисок врз него, бидејќи реагираше прилично тивко на оваа афера, Морисон скршен и расплакан на прес-конференција во Канбера денес, вети дека ќе најде мотивација кај своите млади  ќерки, сопругата и мајката да го надмне овој речиси нерешлив проблем, пренесува Гардијан.

Неговиот внимателно изграден имиџ на „Татко на нацијата“ се распадна делумно  кога тој вербално нападна новинар кој сугерираше дека тој изгубил контрола над неговата администрација.

Не е првпат Морисон, кој е побожен христијанин, да се обиде да го претстави своето семејство како свој морален компас и да ја дефокусира јавноста.

Објавувањето видеа од вработените во австралиската конзервативна влада додека вршеле разни сексуални дејствија во парламентот, вклучително и мастурбација на масата на еден од пратениците, ја шокираше владата на таа земја, која веќе е нападната поради наводен сексизам на политичари .

Видеа и фотографии беа разменети на групата за гласници од вработените во Конзервативната влада пред тие да бидат откриени од свиркачот.

Снимките ги прикажаа синоќа весникот Острелијан и телевизијата Канал 10.

Снимката предизвика бурни реакции, особено во контекст на низата скандали што ја расветлуваат сексистичката политичка култура во Австралија и доведоа до демонстрации низ целата земја.

Свиркачот, идентификуван под  името Том, за два медиуми изјави дека владини претставници и пратеници понекогаш имале сексуални односи во молитвената сала на парламентот и дека проститутките може да бидат внесени во зградата „за задоволство на коалициските пратеници“.

Слични содржини