Австрија нареди затворање на „радикалните џамии“: По нападот државата започнува борба против тероризмот!

од Берта Китинска
329 прегледи

Австриските министри за внатрешни работи и интеграција наредија затворање на „радикалните џамии“ по смртоносниот напад на џихадистите во Виена, во кој загинаа четири лица.

Полицијата затворила две џамии во Виена каде што бил радикализиран атентаторот. Првата е во Отакринг и била „дива“, не подлежела на Законот за ислам, туку се водела како здружение на граѓани.

Другата е во Мејдлинг, а до вчера беше член на редовната, законски одобрена мрежа на исламски институции.

Џамијата во која се радикализира напаѓачот се наоѓа во општина Отакринг во Виена. Таа е позната како центар за исламисти од Босна и Санџак. Точниот израз од медиумите е „исламистички центар на словенски јазици“, во смисла на „југословенски“ јазици – српски, хрватски, „босански“, „црногорски“.

Исламската верска заедница во Австрија издаде соопштение дека салафистичкиот центар не е на нивната листа на исламски верски места.

Слични содржини