Министерот за одбрана на Австрија, Марио Кунасек, ја исклучи можноста неговата земја да учествува во европска војска, каква што предлагаат Франција и германија.

„За Австрија, како неутрална земја, заедничка војска не е тема“, рече тој пренесе АПА, истакнувајќи дека Австрија не е подготвена да се откаже од својата сувереност.
Објасни дека парламентит секогаш ќе одлучува за усчетво во рамки на мисиите на ЕУ или НАТО, и рече дека неопходна е соработка, заедничко ниво на обука и мисии, но не и армија, туку пат кон подобра сорабтока.
Според него, важно е да се каже дека сакаат заедничка надворешна и одбранбена политика со ЕУ, а во тоа многу земји членки на ЕУ и НАТО не гледаат потенцијал за конфликт туку шанса.
Актуелната конфронтација на Украина и на Русија Кунасек ја окарактеризира како „загрижувачки развој“.
„Еврпа не е остров на спокојство, туку е соочена с конфликти кои се случуваат во нејзина близина. Тоа предизвикува загриженост, но и покажува колку е потребно заедничко делување, за да се размисли заедно за решение и да се создаде стабилност“, додаде тој.
Во врска со евентуачно учество на Австрија во мисијата на ЕУ во украина, Кунасек беше воздржан, велејќи дека Винеа е отворена за дискусија.
Потсети дека е ангажирана во мисии во странство со повеќе од 900 војници, со што според бројот на жители е на трето место во ЕУ.
„Според мое мислење фокусот треба да остане на Западен Балкан, бидејќи тој регион е пред нашата врата, а секако и на Блискиот Исток, каде имаме голем контингент во Либан“, рече Кунасек.