133
Властите од австриската општина Муртал до сите одгледувачи на овци на својата територија упатија писмо во кое се повикуваат да не ги продаваат овците на купувачи со муслиманска вероисповед.
Се наведува дека кај муслиманите обичајот е да ги жртвуваат овците и ритуално да ги колат.
Еден од сточарите, кој го добил писмото, реагирал шокирано и прашал како да препознае човек кој нема да го почитува законот. Тој во исто време рекол дека секогаш не може да утвди дали потенцијалниот купувач е од исламска вероисповет и дали тој ќе практикува ритуало колење. Оценето е дека се чини оти писмото е повик генерално на муслиманите да не им се продаваат овци.