Директорите на српската и унгарската полиција во Сегедин догворија од следната недела заеднички мобилни патроли на српската, унгарската и австриската полицијада патролираат на српско-македонската граница .

„На границата на Србија со Македонија, веќе од понеделник, со српските полицајци ќе бидат присутни и 20 колеги од Унгарија со четири возила со најнови термовизиски камери“, изјави директорот на српската полициј Милорад Вељовиќ.
Според Вељовиќ, на границата со Македонија и со Бугарија дневно околу 1.000 луѓе сакаат да влезат на територија на Србија, а понатаму преку Унгарија во другите земји на ЕУ.