345
Барометарот на интеграција на Австрискиот фонд за интеграција покажува дека ставот на Австријците кон муслиманите се влошил.
Дури 62% од Австријците соживотот со муслиманите го оценуваат како лош, покажува ова истражување.
Истовремено, односот кон мигрантите малку се подобрил, па 53% од Австријците сметаат дека е лош соживотот со мигрантите, додека 42% од нив сметаат дека соживотот со мигрантите е добар.
Како најдобро интегрирани странци Австријците ги оценуваат Германците, а веднаш зад нив се Босанците и Србите. Лошо се оценети Турците, Ирачаните, Чечените, Сиријците и Авганистанците.