АВСТРИСКАТА ПОЛИЦИЈА ТРАГА ПО ТРОЈЦА СРБИ: Татко и син брутално претепани, таткото починал во болница од повреди

од Илинка Илиоска
425 прегледи

Тројца српски државјани Саша К., Милован Д. и Саша Ј. се осомничени дека на 29 мај брутално претепале двајца мажи, татко и син на 66 и 29 години во Восендорф, Австрија. По нападот, постарот маж починал во болница од здобиените повреди, а полицијата во Австрија започнала потера.

Според австриските медиуми, по конфликтот меѓу петмина мажи, осомничените Срби нападнале татко и син од друго семејство, тепајќи ги со раце и нозе.

Очевидци на драмата што се случила по забава на ова место повикале полиција, така што во меѓувреме насилниците побегнале со автомобил, во непознат правец, пишува австрискиот медиум Кроне, а потрагата по нив е во тек.

Слични содржини