Австриски политичар: Признавањето на Косово ја отвори Пандорината кутија, сега сè им се враќа на лицемерите

од Milan1

Функционерот на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), Давид Штокингер, денеска по повод украинската криза оцени дека признавањето на еднострано прогласената независност на Косово од страна на Западот, со активно учество на Австрија, која, како што тој вели, ја наруши нејзината неутралност, ја отвори Пандорината кутија. Штокингер истакна дека со тоа е направен преседан кој ги загрозува меѓународното право и меѓународните односи.

„Сè уште се сеќавам кога бевме од Социјалдемократската младина и од мировното движење поради нашата конзистентна позиција дека Косово е дел од Србија беше исмејувана, дури и нападната. Уште тогаш знаевме што ќе се случи следно. Бевме во право уште еднаш“, истакна тој преку својот Фејсбук профил.

Сега, како што изјави тој, сè им се враќа на „лицемерите и ревизионистите на историјата“.

Штокингер истакна дека сега е важно да се вложат сите напори за да се постигне деескалација.

„Отворената војна не е опција и за Русија и за украинскиот народ. Ако го погледнете развојот на последните години, особено неделите и месеците, ќе сфатите дека Москва е принудена на сегашната ситуација, иако одлуката за признавање на двата региона е повеќе од меѓународно-правно сомнителна“, рече тој.

Слични содржини