Министерството за внатрешни работи објави дека возило со австриски национални ознаки, сопственост на австриската полиција, учествувало во сообраќајна несреќа.
-Вчера во 15:00 часот било пријавено дека во Гевгелија, на крстосницата од ул. Таља Бикова со ул. Маршал Тито, се случила сообраќајна незгода, меѓу возило управувано од С.О.(26), полициски службеник од Р Австрија и патничко возило „опел мерива“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(38) од Гевгелија. Во незгодата,со повреди се здобила малолетна сопатничка од Гевгелија од возилото „опел мерива“, констатирани во Општата болница Гевгелија, велат од полицијата.
Притоа бил извршен и увид на местото на незгодата од увидна екипа на Полициската станица Гевгелија, информираат надлежните.