357
Автобусите на Нехар турс, кои синоќа се упатија кон Црна Гора, со полициска придружба се вратени од граничен премин во 3 часот по полноќ, пренесе Фронтлајн.
Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на владата за заштита од коронавирусот.
Сопственикот на Нехар турс не сакал да го одложи патувањето и по долгите убедувања од неколку совесни патници кои сакале да ги испочитуваат мерките на Владата во врска со корона вирусот.