Автобускиот сообраќај повторно функционира преку Кримскиот мост

од Stefanija Kuzmanovska

Автобускиот сообраќај повторно се одвива преку мостот на Крим, кој до денеска беше отворен само за автомобили, соопшти руското министерство за транспорт.

„Утринава беа обновени автобуските линии во двете насоки. Претходно автобусите користеа траекти. Сега патниците можат да го минуваат Кримскиот мост со автомобил, воз, но и со автобус“, соопшти Министерството, пренесува ТАСС.

Утрото на 8 октомври одекна експлозија на мостот на Крим – беше разнесен камион, по што се запалија седум цистерни со гориво од воз што се движеше по железничкиот дел од мостот.

Слични содржини