Автомобил удрил 21-годишна девојка од Струмица, па избегал

од Andreja Salpe

Вчера околу 19:40 часот на крстосница на улиците ,,Ленинова” со ,,4 јули” во центарот на градот Струмица, на пешачки премин, автобомил удрил во 21 годиншната В.Б. од село Русиново, која престојувала во Струмица.

Портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова информираше дека возилото го напуштило местото на несреќата, а девојката е пренесена во струмичката болница. Оттаму заради сериозноста на повредите е префрлена на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата работи на пронаоѓање на возачот и возилото и расчистување на случајот.

Слични содржини