Автопатот во Бугарија имал маани, но тие не биле причина за несреќата

од Берта Китинска

Обележувањето на патот, заштитните огради и дозволенатa брзина на движење се дел од проблемите кои се утврдени при увидот на автопатот „Струма“ каде 45 лица настрадаа во сообраќајна несреќа.

„Патот има долга историја. За жал жртвите не можеме да ги вратиме. Ова е невообичаена катастрофа. По магистралите сме виделе многу катастрофи, превртени камиони, но овде имаме пожар кој, според мене, е прва причина за толку загинати, кој не знаеме како настанал“, вели Комитова.

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите кои важеле во 2002 година, кога се реконструирал патот. Во 2021 година има нови норми за поставување на заштитната ограда, но тие важат за тие кои ќе се градат од 2021 година па во иднина.

„Овде има еден чуден настан – пожар, кој според мене е главна причина за жртвите“, истакна Комитова,додавајќи дека засега нема објаснување што го предизвикало пожарот.

До датумот на несреќата, завршено е одбележувањето само на централната линија, со задоцнување од околу шест месеци. Означувањето на оваа делница и поставувањето на знаците е доделено на две фирми со ист сопственик. Двете компании требало да ја постават и сигнализацијата. Во 2013 година, тие го поставиле знакот за дозволена брзина од 120 километри на час, а заштитната ограда, кога била поставена во 2007 година, ги исполнувала барањата, но од 2021 година, според Комитова, има нови правила.

Несреќата се случи на 23 ноември во околината на селото Боснек, близу градот Перник, западно од бугарската престолнина Софија.

Слични содржини