Азар му нанел брутална повреда на фудбалер на Кадиз (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Еден Азар се врати во игра за новиот шампион на Шпанија, Реал Мадрид по уште една повреда во ремито 1:1 со Кадиз во меч од претпоследното коло во Ла Лига.

Белгиската ѕвезда остави свој белег, но не на натпреварот, туку на нозете на дефанзивецот на „Жолтата подморница“ Карлос Акапо. Десниот бек по мечот на социјалните мрежи објави фотографија од повредената нога по бруталното влегување на Азар.

Акапо има двојна фрактура на десната нога – втората и третата метатарзална коска.

Слични содржини