Азар: Веќе донесов одлука и Челзи знае каква е таа

од Vlatko K
109 прегледи

Големата ѕвезда на Челзи, Еден Азари призна дека уште пред две недели го информирал клубот за
одлуката што ја донел за својата иднина. Белгиецот упорно е поврзуван со трансфер во Реал
Мадрид, додека лондонскиот тим се обидува да ја продолжат соработката со него, која истекува по
една година.


Според Азар, сè ќе биде јасно по финалето на Лигата на Европа против Арсенал. Дуелот е на 29 мај,
а според медиумите на Островот, играчот веќе го информирал клубот дека сака да премине на
„Сантијаго Бернабеу“.

„Да, ја донесов мојата одлука пред две недели, но не зависи се од мене“, рече Азар.

Запрашан дали неговата иднина ќе стане јасна по финалето во Лига Европа, Белгиецот одговори:
„Да, така мислам. Имаме финале, а потоа ќе видиме. Сакав се да биде решено порано, но тоа не се
случи. Чекам, како и вие, и како што чекаат навивачите. Кога си на теренот, се обидуваш да се
концентрираш на она што се случува таму. Кога играм, само се обидувам да го дадам најдоброто од
себе. Не мислам за друго. Само се обидувам да победувам во натпреварите“.