Азески и Спасовски во контрола на протокот на стоки на „Табановце“

од Nikola Popovski

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со делегација од Комората и со министерот за внатрешни работи во Владата на РСМ, Оливер Спасовски, во присуство на првите луѓе од надлежните државни институции за непречено функционирање на протокот на „Табановце“, ќе оствари заедничка посета на граничниот премин во рамките на проектот на Стопанската комора за следење на протокот на стоки на граничниот премин „Табановце“, кој започна на 1 јули 2022 година, а ќе трае до 31 август.

Стопанската комора на Северна Македонија континуирано учествува во активностите поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, со цел подобрување на условите за работа на компаниите во регионот, односно со цел олеснување на увозот, извозот и на движењето на стоките, на слободното движење на земјоделските производи и на храната, како и на слободното движење на непрехранбените производи, трудот и капиталот.

Со цел практично согледување на ефектите од одредени мерки кои беа преземени во рамките на оваа иницијатива, како и со цел согледување на придобивките и на потенцијалните проблеми, односно на ефектите од досега преземените мерки за олеснување на протокот на стоката на најфреквентниот граничен премин, Стопанската комора на Северна Македонија, почнувајќи од 1 јули заклучно со 31 август 2022 година, ќе го реализира Проектот „Следење на протокот на стоки на граничниот премин ’Табановце’“.

По средбата во 13:00 часот изјави за медиумите ќе дадат Азески, Спасовски, и директорите на Царинската управа и на Агенцијата за храна и ветеринарство, Славица Кутиров и Николче Бабовски.

Слични содржини