Азески потенцира дека Владата мора да прогласи енергетска криза

од Nikola Popovski
487 прегледи

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески потенцира дека оваа ситуација не може да помине без прогласување на енергетска криза во државата.

-Не ги знам ингеренциите на во ваква консталација на односи на оваа влада, но таа мора да прогласи таква криза, за да полесно да ги носи решенијата со кои што ќе се справува во моментот кога ќе тргне огромната потрошувачка со промена на временски услови и резерви кои што ги имаме. Ние зборуваме за наше самоорганизирање покрај тоа што соработуваме со владата. Ние си работиме и си бараме наши решенија, така да имаме неколку можности, кои што ги разгледуваме. Веројатно ќе дојде до здружување на компании и купување на електричка енергија за 2022 година по фиксна цена и ќе ја платиме авансно, рече Азески во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини