Азески: Заев, Рама и Вучиќ заслужуваат аплауз, тие покажаа политичко лидерство

од Nikola Popovski

Тоа што се подразбира под западни критериуми дека се бара политичко лидерство од претседателите и премиерите, денес го видовме во Скопје, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески на Економскиот форум во Скопје.

Според него, денес на дело се виде политичкото лидерство на Заев, Рама и Вучиќ.

-Затоа за една иницијатива за која што немаат поддршка од сите, политичките лидери објаснија и смело тргнаа напред, да го насочат народот кој таа цел. Тоа е политичко лидерство. Заслужуваат еден аплауз, рече Азески.

Слични содржини