Азиска земја објави дека е започнат третиот бран на коронавирус

од Nikola Popovski
142 прегледи

Третиот бран на коронавирус започнал на територијата на иранската провинција Техеран, изјави шефот на иранскиот кризен штаб, Алиреза Зали.

Властите побарале од Зали повторно да воведе рестриктивни мерки.

„Во писмото до министерот за здравство, побаравме повторно воведување на ограничувања со цел да се потисне вирусот. Ова особено се однесува на работата од дома“, соопштил Зали, а пренесува Тасс.

Во Иран забележано е дека поминало многу малку време помеѓу вториот и третиот бран.

Во последните денови, бројот на нови случаи на коронавирус повторно се зголемил во Иран, така што во последните три дена, дневниот број на новоинфицирани лица двапати ја надминал границата од 3.000

На 15 јули, Иран официјално објави дека вториот бран на Ковид-19 е во тек.