Азиски бизнисмен ја засипувал Миранда Кер со накит вреден над 13 милиони долари

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Малезискиот бизнисмен Џо Лоу ја засипувал австралиската манекенка Миранда Кер со накит вреден 13 милиони долари, се наведува во граѓанската тужба поднесена од американското Министерство за правда.

Според податоците Лоу, кој е вмешан во проневера, почнал да и се додворува на убавицата уште во 2014 година, веднаш по разделбата со актерот Орландо Блум. Во 2014-та Лоу е подарил на Кер за вљубените 11,72-каратен дијамант во форма на срце, на кој биле изгравирани нејзините иницијали.

Најскапиот подарок бил проследен со 8,88-каратен дијамантски медалјон со комплет накит, а потоа и еден пар обетки со 11-каратни дијаманти, придружени со друг соодветен накит. Минатиот месец Миранда Кер се омажи за коосновачот на “Снапчат” Еван Шпигел.

Џо Лоу е обвинет за организирање на проневера. Се смета дека тој го ограбил федералниот фонд за развој на Малезија. Парите ги користел за да го задржи високиот стандард на живеење и да испраќа скапи подароци на холивудските пријатели и дури да финансира филмски продукции како “Волкот од Волстрит”.