Азизи: Избори во моментов не се решение, економската и енергетската криза бара посериозна посветеност на Владата

од Destan Jonuzi
236 прегледи

Предвремените парламентарни избори во моментов не се решение бидејќи ниту една политичка коалиција нема да може да обезбеди апсолутно мнозинство, вели за „Локално“, политичкиот аналитичар Берат Азизи. Според него, политичката, економската и енергетската криза бара посериозна посветеност на Владата и долгорочен план за ублажување на актуелната состојба.

– Политичката, економската и енергетската криза бара посериозна посветеност на Владата и долгорочен план за ублажување на актуелната состојба. Предвремените парламентарни избори во моментов не се решение бидејќи ниту една политичка коалиција нема да може да обезбеди апсолутно мнозинство. За да се надмине политичката криза, ќе треба да се обезбедат 81 глас за да се унапреди процесот кон ЕУ или кон проширена влада, што нужно ќе ја доведе земјата до предвремени избори по 6 месеци. Можна опција, но која нема да ја реши политичката криза, вели Азизи.

Од друга страна, додава тој, економската и енергетската криза не бара апсолутно мнозинство, туку бара подобар пристап и управување.

Берат Азизи

Берат Азизи

– Заштеда на јавни пари и намалување на трошоците на функционерите. Навремена контрола на цените од државните органи, либерализација на пазарот за да се избегне монополот на некои компании, мислам дека ќе влијае на економското омекнување. Мислам дека енергетската криза бара инвестиција во производствените капацитети на земјата за да се зголеми енергетската моќ и да се избегне зависноста од странство. Така што сметам дека економските компоненти не сакаат мнозинство или политички избори, туку решителност, нагласува тој.

Азизи потенцира дека легитимно е барањето на опозицијата за предвремените избори.

– Опозицијата има право да бара избори и да ја искористи слабоста на власта и енергетската криза. Пред се мислам дека во државата има потреба од нова, подолгорочна економска стратегија и усогласување на сите плати во јавниот и приватниот сектор. Големиот јаз во платите во јавниот сектор произведува нееднаквост и неефикасност во работата, потенцира Азизи.

Владејачките партии СДСМ и ДУИ изјавија дека парламентарното мнозиство е стабилно и нема потреба од широка коалиција. Од таму додават дека сега не ни време за предвремени парламентарни избори. Од владејачките партии за „Локално“ изјавија дека очекуват да и се приклучаат, како што велат на „европскиот блок“ на мнозиството и пратеници на опозицијата.

Од друга страна опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Движењето БЕСА сметат дека предвремените парламентарни избори се нужни за излез од политичката и економиската криза.

Д.Ј.

Слични содржини